петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Фудбалерите на Реал се надеваат дека Ла Лига ќе продолжи наскоро

Фудбалерите на Реал се надеваат дека Ла Лига ќе продолжи наскоро

Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвени да играат што е можно поскоро, дури и ако тоа значи дека натпреварите ќе се играат без публика.

Според весникот „АБЦ“, тимот верува дека обновата на првенството во Шпанија ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат подобро за време на периодот во карантин.

Списанието додава дека Кралскиот клуб е подготвен да се врати во игра за натпреварите во Ла Лига и Лигата на шампионите. Ситуацијата е таква што дури и кога ќе заврши карантинот и вонредната состојба, ќе има правила што забрануваат собирање на големи групи на луѓе на едно место.

Фудбалерите на Реал Мадрид во моментов се дома и чекаат да се смири ситуацијата со пандемијата од коронавирус, која доста сериозни ја погоди Шпанија.

Според Марка, управата на Лос Бланкос започнала преговори со играчите за намалување на платите, што ќе биде економски добро за тимот во овие тешки времиња.

Коронавирус