Фудбалската репрезентација на Македонија денес попладне го одржа последниот на домашно тло, откако Игор Ангеловски одржа лесна подготовка пред патувањето за Германија.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, репрезентативците одработија рекуперациски тренинг по вчерашната убедлива победа над Лихтенштајн. Ј
Ова беше последен тренинг меѓу двата дуели кој е одработен во Скопје, а Македонија утре во 10:00 часот наутро со чартер лет ќе се упати кон Дизелдорф од каде ќе се префрли во Дуизбург.
Средбата против Германија е закажана за в среда од 20:45 часот.