среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Фудбалерите на Ливерпул ќе земат 4 милиони фунти доколку ја освојат титулата

Фудбалерите на Ливерпул ќе земат 4 милиони фунти доколку ја освојат титулата

Фудбалерите на Ливерпул ќе добијат бонус од 4 милиони фунти доколку ја освојат титулата во Премиер лигата. Сега е јасно дека станува збор само за време, бидејќи предноста на тимот од Мерсисајд на врвот на табелата е високи 22 бода. Ако се оди според планот, тогаш на тимот на Јирген Клоп ќе му биде загарантирана титулата следниот месец.

Сите играчи кои имаат забележано натпревари во Премиер лигата во текот на кампањата, ќе учествуваат во распределбата на бонусите. Се разбира, сумата ќе биде пропорционална со бројот на натпревари. Според пресметките, предвидено е стартерите да добијат околу 150,000 фунти над стандардните сезонски бонуси. Клоп, исто така, ќе собере значителен бонус од неговата плата од 15 милиони фунти, утврден со новиот договор на Германецот што го потпиша во декември.

Минатата сезона, тимот на Ливерпул сподели бонус од 7 милиони фунти по освојувањето на Лигата на шампионите.

Коронавирус