понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Фудбалери две минути не сакаа да изведат корнер, добија три жолти картони

Фудбалери две минути не сакаа да изведат корнер, добија три жолти картони

Фудбалерите на Мамелоди Сандаунс се хит на социјалните мрежи овие денови поради „циркусот“ што го приредија во мечот против Блумфонтејн Селтик во шампионатот на Јужна Африка.

Во продолжението на натпреварот добија три жолти картони бидејќи две минути го развлекуваа изведувањето на корнер. Мамелоди во тој момент водеше со 2:1 и на тој начин сакаа да украдат време за зачувување на трите бода.

Медиумите, пак, го протолкуваа таквиот нивни однос со намера да се „исчистат“ од картони со оглед на реванш дуел против нисколигаш во националниот Куп наредната недела. (МИА)

Коронавирус