четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 24
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Фудбал

Фудбалер од Премиер лигата обвинет за групно силување

Фудбалер од Премиер лигата обвинет за групно силување

Фудбалер на еден клуб од Премиер лигата е обвинет за групно силување за време на карантинска забава, пренесе „Дејли Стар“.

Жртвата, која остана анонимна од правни причини, се разбудила покрај фудбалерот во кревет и тврди дека тие ставиле дрога во нејзиниот пијалок за време на забавата.

Таа стравува дека е силувана од неколку пријатели на фудбалерот, вклучувајќи го и него, во изнајмениот стан.

Полицијата не сакала да ги коментира овие обвинувања, ниту дали разговарале со фудбалерот чиј идентитет засега е непознат.

Девојката се сеќава дека испила два пијалаци, а нејзините пријатели велат дека таа се однесувала многу чудно. Таа се разбудила следното утро со гребаници на нозете и со играчот без облека во кревет до неа.

Кога го прашала што се случило, тој и рекол дека имале секс ноќта претходно, но нејзините пријатели тврдат дека таа едвај можела да стои и дека сигурно не би можела свесно да се согласи на вакво нешто. (МИА)

Парламентарни избори 2020