четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ФСС и Тумбаковиќ жестоко казнети од УЕФА

ФСС и Тумбаковиќ жестоко казнети од УЕФА

УЕФА ги казни Фудбалскиот сојуз на Србија и селекторот Љубиша Тумбаковиќ.

Од Европската куќа на фудбалот реагирале поради пропуст на натпреварот од Лигата на нации одигран во Белград на 11 ноември.

Поради доцнење на натпреварот ФСС е казнет со 20.000 евра.

Селекторот е суспендиран еден натпревар и ќе мора да плати 5.000 евра бидејќи, како што се наведува, е виновен за доцнењето на почетокот на натпреварот.

Не е познато дали Тумбаковиќ е суспендиран за наредниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации против Унгарија или во квалификациите за Европското првенство.

Коронавирус