Џереми Фримпонг во следните денови ќе да го комплетира трансферот во Ливерпул, кој ќе биде вреден 35 милиони евра.
Играчот на Баер Леверкузен ќе треба да биде замената за Трент Александар-Арнолд кој заминува во Реал Мадрид.
Англискиот клуб постигна договор за трансферот на 24-годишниот холандски интернационалец, и се договори на соработка во следните пет години, односно до 2030 година.
Фримпонг денеска не играше за Баер Леверкузен во последното коло во Бундеслигата, а се претпоставува дека веќе заминал за Ливерпул, каде треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише.