сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Фудбал

„Франс Фудбал“ ги објави своите „11“ во Лига 1

„Франс Фудбал“ ги објави своите „11“ во Лига 1

Популарното француско списание „Франс Фудбал“ го дефинираше својот идеален тим во локалното првенство. Шампионатот во Лига 1 беше порано прекинат поради пандемијата од коронавирус, а привремениот ранг се сметаше за конечен.

Вреди да се одбележи дека меѓу најдобрите не се Мауро Икарди (Пари Сен Жермен) и Виктор Осимен (Лил). Аргентинецот, кој игра за Интер, заврши со 12 голови и 2 асистенции. Нигериецот, кого го бараа многу клубови, пак постигна 13 голови и 4 асистенции. Сепак, двајцата беа засенети од стрелците на шампионите, Висам Бен Једер (Монако) и Килијан Мбапе (ПСЖ) – двајцата со по 18 гола.

Еве кој е и идеалниот фудбалски тим според „Франс Прес“:

Предраг Рајкович (Ремс), Амари Траоре (Рен), Тиаго Силва (ПСЖ), Убис Абделхамид (Ремс), Фету Мауаса (Рен), Марко Верати (ПСЖ), Едуардо Камавинга (Рен), Анхел Ди Марија (ПСЖ), Нејмар (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Висам Бен Једер (Монако).

Коронавирус