Идното засилување на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, денес успешно ги поминал медицинските прегледи како дел од трансферот од Ривер Плaтa.
Како што веќе беше најавено, „кралскиот клуб“ ќе плати 45 милиони долари (околу 40 милиони евра) за 17-годишниот талент, кој ќе потпише договор до летото 2031 година. Меѓутоа, тој ќе се приклучи на Реал на 15 август – само еден ден по неговиот 18. роденден, пренесува шпанскиот весник „АС“.
Ова значи дека Мастантуоно ќе настапи на Светското клупско првенство во САД во дресот на Ривер Плата, пред конечно да се пресели во Мадрид. Првичната желба на аргентинскиот клуб беше играчот да остане до зимата, но шпанскиот гигант инсистирал да го ангажира уште летово.