сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 56
home Фудбал

Французин направи нешто невидено во Калчото – во исто коло играл за два клуба?!

Французин направи нешто невидено во Калчото – во исто коло играл за два клуба?!

Францускиот фудбалер за врска Валенсин Ајсерик (27) направи нешто невидено во италијанската Серија А, откако се запиша во историјата како единствен фудбалер што во едно коло играл за два тима.

Реално ваква ситуација е невозможна, зашто еден фудбалер може да биде регистриран само за еден клуб, ама на Ајсерик му успеа такво нешто поради одложен меч. Тој есеноска беше дел од Фиорентина и во 17-то калчолигашко коло играше за „виолетовите“ против Верона во поразот со 1-4. Мечот се одигра на 20 декември лани, ама во зимскиот преоден рок се пресели во градот на Ромео и Јулија, па на 5 февруари настапи за Верона против Лацио.

Овој меч Верона – Лацио не се играше на 20 декември поради настапот на „орлите“ во Суперкупот на Италија и се одигра во нов термин, па така Ајсерик влезе во историјата на италијанскиот фудбал.

„Клубовите мора да одиграат 38 меча во сезоната, ни меч повеќе, ни меч помалку, ама тоа не се однесува на играчите. Правилата се нејасни, но ние нема да се жалиме, но предупредуваме дека статусот мора да се расчисти по тоа прашање за во идинина“, вели Џан Микеле Џентиле, адвокатот на Лацио, кој во ремито без голови загуби два драгоцени бода во трката за „скудетото“, кои сега ќе ги однесеа римјаните на врвот од Серија А.

Коронавирус