среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Фудбал

Француски фудбалски клуб погоден од британскиот сој на коронавирус- за клубот игра и македонскиот репрезентативец

Француски фудбалски клуб погоден од британскиот сој на коронавирус- за клубот игра и македонскиот репрезентативец

Францускиот фудбалски второлигаш Шамбли, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски, е погоден од британскиот сој на коронавирус.

Информацијата вечерва ја соопшти клубот од северна Франција, истакнувајќи дека вкупно девет фудбалери, како и четворица од клупскиот персонал, меѓу кои и член на раководството, се позитивни на британскиот сој на Ковид-19.

-Британскиот сој на коронавирус и натаму силно го погодува Шамбли. Потсетуваме, а тоа го гледаме и со свои очи, дека е овој сој на коронавирусот е многу заразен, соопшти францускиот второлигаш.

-Нашиот клуб ги презема сите неопходни мерки за заштита, а нови тестирања ќе бидат спроведени пред одигрување на следниот натпревар закажан за в сабота против Клермонт, се додава во соопштението на клубот за кој игра Стојановски.

Идентитетот на заразените фудбалери на Шамбли не е соопштен.

Претходно оваа недела едно училиште во предградие на Париз беше привремено затворено, откако беа регистрирани случаи на јужноафриканскиот сој на коронавирус.

Британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот сој на коронавирус предизвикуваат најголема загриженост меѓу научниците и здравствените власти поради способноста брзо да ја шират заразата меѓу луѓето.

ЕУРО 2020

Македонија