вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Фудбал

Франција забрани шкотски навивачи на дуелот Лион – Глазгов Ренџерс

Франција забрани шкотски навивачи на дуелот Лион – Глазгов Ренџерс

Шкотскиот фудбалски првак Глазгов Ренџерс објави денеска дека е збунет и фрустриран од одлуката на француските власти да им забрани на нивните навивачи да присуствуваат на натпреварот од Лига Европа против домашниот Лион закажан за в четврток.

– Минатата недела француската страна даде согласност за присуство на 2.500 наши навивачи на натпреварот во Лион. Одлуката со која тоа е променето е збунувачка и фрустрирачка, особено што е донесена во толку краток рок. Сочувствуваме со нашите навивачи, кои со месеци однапред направија планови за ова патување, соопшти шкотскиот клуб.

Навивачите на Ренџерс во минатото, исто така, се соочуваа со забрана за патувања на гостински натпревари првенствено поради дискриминаторско навивање.

Коронавирус