сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Франција воведе забрана на фудбалерите кои се надвор од ЕУ,неизвесен настапот на Стојановски

Франција воведе забрана на фудбалерите кои се надвор од ЕУ,неизвесен настапот на Стојановски

Mладиот фудбалер на Ним Влатко Стојановски, кој моментално игра на позајмица во Шамбли, повторно се најде на списокот на македонскиот селектор Игор Ангеловски, за почетокот на квалификациите за Светското првенство во Катар следната година.

Стојановски и покрај повикот, нема да биде дел од ростарот на Ангеловски. Причината за тоа е поради фактот што утрово сите клубови од Првата и Втората француска лига едногласно изгласаа да им забранат настап на фудбалерите кои играат за националните тимови што не се членки на Европската Унија.

„Поради сè поголемата криза со коронавирусот Лигата реши да не ги ослободи своите фудбалери да играат за националните тимови кои не се членки на Европската Унија. Сите клубови едногласно го изгласаа овој предлог, со што е активирано правилото на ФИФА кое беше донесено пред еден месец. Тоа значи дека клубовите нема да ги пуштат своите членови да играат за селекциите кои не се во Европската Унија“, се вели во соопштението на Француската Лига

Коронавирус