сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Франција има два европски полуфиналисти по 27 години!

Франција има два европски полуфиналисти по 27 години!

Франција е актуелен светски фудбалски владетел, но фудбалската Лига 1 е далеку популарноста од петте најсилни на Стариот континент, но очигледно не е така неквалитетна, иако го има предзнакот на „најслаба“ од врвните лиги.

Доказ дека Лига 1 и тоа како е добра е годинешната завршница во ЛШ и два од четирите полуфиналисти во ПСЖ и Лион. Ако за ПСЖ по толку многу трошење пари (1,5 милијарди евра) и за очекување е полуфинале, па и европскиот трофеј, Лион е сензација зашто елиминира два гиганти, италијанскиот великан Јувентус со Кристијано Роналдо и сега Манчестер сити со Пеп Гвардиола на клупата.

Овој успех за Франција е неверојатен и првпат во европската елита два клуба од земјата на „галските петли“ играат во полуфинале во ЛШ, а само вторпат во европските купови играат два клуба од Франција во полуфинале. Првиот пат беше пред 27 години, во сезоната 1992/93 во Купот на УЕФА, кога Јувентус го елиминира ПСЖ, а Борусија Дортмунд беше подобра од Оксер.

Коронавирус