вторник, 3. август 2021. Вести денес: 64
home Фудбал

Франција без Лукас Дињ до крајот на ЕП

Франција без Лукас Дињ до крајот на ЕП

Светскиот фудбалски шампион Франција се соочува со проблеми поради повредени фудбалери. Дефанзивецот на Евертон, Лукас Дињ може да го пропушти остатокот од Европското првенство.

Левиот бек влезе како замена на натпреварот против Португалија, но остана на теренот само седум минути и беше заменет поради повреда.

„Лукас има проблем со бутниот мускул, а може да биде и доста сериозно. Ваквите повреди на мускулите обично не се добар знак“, рече селекторот Дидие Дешамп.

Следниот натпревар на Франција е дуелот од осминафиналето против Швајцарија на 28 јуни во Букурешт.

Коронавирус