понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 61
home Фудбал

ФОТО+ВИДЕО: Спектакуларно отворање на Евро 2020: Одлична музичка програма и огномет!

ФОТО+ВИДЕО: Спектакуларно отворање на Евро 2020: Одлична музичка програма и огномет!

Евро 2020 официјално е отворено и истото ќе трае од 11 јуни до 11 јули, а на кое ќе дебитира македонската А репрезентацијата..

Половина час пред почетокот на првиот натпревар на Европското првенство 2020 на римскиот „Олимпико“ помеѓу Турција и Италија, започна официјалното свечено отворање, на кое виртуелно беше претставена химната на натпреварувањето.

Официјалната химна на натпреварот „We are the people“ ја изведоа Мартин Гарикс, авторот на химната и двајца членови на светски познатиот бенд U2, Боно и Еџ. Освен нив, настапи и италијанскиот тенор Андреа Бочели, кој со својот настап ја воодушеви публиката.

Церемонијата ја отворија две легенди на италијанскиот и европскиот фудбал, Алесандро Неста и Франческо Тоти, проследена со богата програма обележана со одлична кореографија, огномет, но и уште подобра музичка изведба на Бочели и химната на Европскиот шампионат.

Својот прв натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го имаат в недела (13 јуни) со почеток од 18.00 часот во Букурешт против репрезентацијата на Австрија.

Фото: EPA-EFE/Andrew Medichini

ЕУРО 2020

Македонија