четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 177
home Фудбал

ФОТО+ВИДЕО: Ибра официјално промовиран во Милан, откри кога е вистинскиот

ФОТО+ВИДЕО: Ибра официјално промовиран во Милан, откри кога е вистинскиот

Златан Ибрахимовиќ и официјално повторно е дел од „росонерите“. Поранешниот репрезентативец на Шведска потпиша договор со Милан до крајот на сезоната, вреден 3.500.000 евра.

Ибра денес со официјалните лица од клубот ја одржа првата прес-конференција, а не ја пропушти можноста да ги поздрави и навивачите пред кои ја претстави и новата бројка на дресот, 21.

-Ја гледав екипата. Поседува квалитет, но мора да размислуваме од натпревар во натпревар. Резултатите не се баш за воодушевување, но сезоната е маратонска трка, не спринт на 100 метри. Не ја изгубив страста за фудбалот. Милан е секогаш Милан, историјата на овој клуб не може да се смени, вели Ибра.

Фудбалерот открива и дека на 38 година има повеќе понуди од клубови отколку што имал пред 10 години

-Верувам во себе, и соиграчите и знам каков сум. Напорно работам. По повредите во Манчестер Јунајтед многумина зборуваа дека нема да бидам оној стариот, дека нема да се вратам, но јас работев на себе и се додека е така ќе играм. Невозможно е да бидам истиот фудбалер како пред десет години. Наместо да трчам ќе шутирам од 40 метри. Разбирлив ми е притисокот од навивачите, знам што значи да се носи дресот на Милан, свесен сум дека сите очекуваат подобри резултати, но мора многу да се направи. Сакам кога луѓето ме исмеваат, тогаш влијаат на раст на адреналинот во мене. Тогаш сум вистинскиот, изјави Ибрахимовиќ кој повратничкото дерби би требало да го има во понеделник против Сампдорија на „Сан Сиро“.

Звонимир Бобан од Милан истакна дека клубот е среќен што може да дочека единствен играч како Ибра.

 

View this post on Instagram

 

? Ooooh Ibrahimović, Ibrahimović, Ibrahimović… ? (Imagine this with a full stadium ?) #IZBACK #SempreMilan

A post shared by AC Milan (@acmilan) on

Коронавирус