четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

ФОТО: Вечерва Наполи со посебни дресови ќе игра против Рома

ФОТО: Вечерва Наполи со посебни дресови ќе игра против Рома

За натпреварот против Рома вечерва, Наполи направи посебни дресови.

Во знак на благодарност до легендарниот Диего Армандо Марадона, Наполи реши да креира посебни дресови за вечерашното дерби со „волчицата“.

Дресовите ќе бидат во боите на репрезентацијата на Аргентина, сино-бели.

Ваква идеја Капа и Наполи размислуваа да направат уште минатата сезона, па сега се поклопија коцките кога замина големиот Диего Марадона.

Натпреварот ќе биде емотивен за Наполи, а ќе се игра во 20:45 часот.

Коронавирус