сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 87
home Фудбал

ФОТО: Самуел Ето доживеа тешка сообраќајка, со автомобил се забил во автобус

ФОТО: Самуел Ето доживеа тешка сообраќајка, со автомобил се забил во автобус

Камерунската фудбалска легенда Самуел Ето имал тешка сообраќајна несреќа, но не е животно загрозен.

Светските медиуми јавуваат дека екс ѕвездата на Барселона, Челси и други бројни клубови, со автомобил удрил во автобусот додека се враќал дома од свадба.

На Твитер набрзо се појавија фотографии од местото на несреќата, а членови за семејството за Би-Би-Си Африка истакнале дека Ето „е добар“, но се наоѓа во болница каде му била пружена лекарска помош.

Според објавите на медиумите, Ето не бил виновен за несреќата, а одговорниот бил приведен.

Коронавирус