петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Роналдо преку Инстаграм упати порака до соиграчите- за три часа доби речиси 4.5 милиони лајка

ФОТО: Роналдо преку Инстаграм упати порака до соиграчите- за три часа доби речиси 4.5 милиони лајка

Кристијано Роналдо од оваа сезона игра повторно за Манчестер Јунајтед. Неговиот тим моментално се мачи со резултатите и играта, а тоа се виде во неделата кога Јунајтед беше поразен од Лестер со 4:2.

Роналдо, пак во осум меча има пет гола и неколку пати го спасуваше тимот. Јунајтед во среда од 21 часот игра важен меч против Аталанта на Олд Трафорд. Пред овој меч преку Инстраграм порака испрати Португалецот.

„Нашето време доаѓаме! Мораме да покажеме од што сме создадени, а Лигата на шампионите е совршено натпреварување за докажување на светот. Нема оправдувања! Одиме!“- напиша Роналдо и неколку часа подоцна има повеќе од 4,3 милиони лајка.

Коронавирус