вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Роналдо не заборава, ги бара жените кои го хранеа на 11 години

ФОТО: Роналдо не заборава, ги бара жените кои го хранеа на 11 години

Интервјуто на Кристијано Роналдо со славниот новнар Пирс Морган го воодушеви целиот свет, предизвика многу коментари но и една неверојатна потрага.

Роналдо во интервјуто изјави дека на 11 и 12 годишна возраст, како многу сиромашно дете живеел во интернатот на клубот, немал пари и не бил со семејството.

Во тој период често бил гладен, му помагале жените кои работеле во „McDonald’s“ во близина на стадионот, му давале бесплатни сендвичи.

„Би сакал да ги пронајдам, да им се заблагодарам, сакам да им дадам нешто за возврат бидејќи никогаш не сум заборавил што тие направија за мене“- изјави Роналдо во интервјуто.