среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 150
home Фудбал

ФОТО: Роналдо ќе стане сопственик на најскапиот автомобил во светот

ФОТО: Роналдо ќе стане сопственик на најскапиот автомобил во светот

Милионите кои ги заработува во и надвор од фудбалскиот терен Кристијано Роналдо ги користи за да живее луксузен живот.

Неодамна беше во Дубровник каде трошел 20.000 евра дневно, нешто што е незамисливо за нашите простори.

Португалецот во својот возен парк веќе поседува огромен број на автомобили, но сега очите ги вперил кој најскапиот во светот. Се работи за новиот Бугати – „La Voiture Noire“, кој се проценува на неверојатни 11 милиони евра.

Вредноста на оваа „играчка“ достигнува 18 милиони евра кога ќе се пресметаат даночните трошоци, што според заработувачката не би требало да биде проблем за фудбалерот на Јувентус.

Автомобилот е модерна верзија на на класичниот Bugatti Type 57, дизајниран од синот на основачот Еторе Бугати, Жан, во 30-тите и 40-тите години од минатиот век.

Извор: gol.mk

  • Погледнете како изгледа најновиот Бугати:

Коронавирус