Арјен Робен се врати на терените во дресот на Гронинген и асистира за два гола на неговата екипа.
Тешкиот период низ кој мина легендарниот Холанѓанец го натера да покаже голема емоција во интервјуто по натпреварот. Проблемите со повредата го натераа да прави долга пауза, од која успешно се врати овој викенд.
Arjen Robben breekt tijdens interview 💔
"Ik wilde zo graag"
— ESPN NL (@ESPNnl) May 9, 2021
Својата скромност 37-годишникот ја покажа на патот за дома. Фановите беа импресионирани од фактот дека Робен се упати кон својот дом на велосипед.
Гронинген победи со убедливи 0-4, а поранешниот холандски репрезентативец заслужено ја доби наградата „играч на натпреварот“.