сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 43
home Фудбал

ФОТО: Работи во фабрика за сол, а земал годишен одмор за да игра против Аргентина на СП

ФОТО: Работи во фабрика за сол, а земал годишен одмор за да игра против Аргентина на СП

Репрезентацијата на Исланд ја направи првата сензација на Светското првенство (СП), откако одигра 1-1 со Аргентина.

Меѓутоа, нивното сензационално освојување на бод против Аргентинците е уште поважно доколку знаеме дека некои од играчите на Исланд се полу-аматерски спортисти, кои работат и на други места, а играат фудбал само во „слободно време“.

Биркир Мар Севарсон одигра 80 минути за Исланд, како и секоја минута во квалификациите на Мундијалот, а инаку работи во фабрика за сол.

Дневно работи осум часови, а како што тврди, тоа не го прави поради пари, туку едноставно му било досадно пред почетокот на Мундијалот.

-Тоа е нормална работа на Исланд. Понормално е да се работи во фабрика за сол, отколку да се оди на Светско првенство. Ќе изработам смена и потоа одам на тренинг, вели играчот на Исланд.