понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 57
home Фудбал

ФОТО: Противниците на Интер маскирани влегоа во Италија

ФОТО: Противниците на Интер маскирани влегоа во Италија

Коронавирусот предизвикува сериони проблеми во секојдневието, но и во фудбалот.

Поради тоа, екипата од соседството, бугарски Лудогорец, утре во 21 часот ќе го одигра реванш натпреварот против Интер во 1/16 финалето во Лигата на Европа, а фудбалерите на овој клуб денеска пристигнаа во Милано.

Со оглед на тоа дека во Италија влдее епидемија, голем број натпревари беа одложени, па од Лудогорец ништо не сакаа да остават на случајноста. Фудбалерите, како и стручниот штаб, на овој клуб беа опремени со медицински заштитни маски.

\

Инаку, Интер во првиот меч во Бугарија славеше со 2-0, па утре ќе треба само да го потврдат пласманот во осминафиналето.