вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

ФОТО: По отказот на Мурињо се огласи Погба, па се премисли

ФОТО: По отказот на Мурињо се огласи Погба, па се премисли

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба по отпуштањето на Жозе Мурињо објави нова фотографија на Инстаграм.

На фотографијата на Французинот е со мистериозен израз на лицето. Тој ги покани корисниците на социјална мрежа да се изјаснат со „потпис“.

Наскоро фотографијата беше отстранета, но италијанскиот новинар Танкреди Палмери го објави постот на својот твитер-профил.

Погба и Мурињо имаа неколку конфликти. Претходно беше објавено дека поради лошиот однос со тренерот Погба може да го напушти Манчестер.

МИА

Коронавирус