Англискиот гигант Манчестер Јунајтед и спортската компанија „Адидас“ го претставија новиот дрес, со кој „ѓаволите“ ќе ги играат домашните натпревари идната сезона.
Новиот дизајн е инспириран од тројната круна на клубот освоена пред точно 20 години. Тогаш, Јунајтед ја имаше својата најдобра сезона во клупската историја, откако ги освои трофеите од ФА Купот, Премиер лигата и Лигата на шампионите. Токму чудесниот пресврт во судиското надополнување против Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите послужи за најголема инспирација, па така на ракавите на дресот стојат броевите 90+1 и 90+3 (минутите кога беа постигнати головите на „Камп Ноу“).
Manchester United have launched their new home kit for the 2019/20 season, which pays homage to the Treble the club won during the 1998/99 campaign.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 16, 2019
На дресот исто така овековечен е и датумот од победата над Њукасл во финалето на ФА Купот, како и триумфот над Тотенхем, со кој беше обезбеден премиерлигашкиот трофеј. Истиот ќе може да се купува од денес, а ќе чини досега највисоки 98 евра за основниот, додека за име од фудбалер на грбот дополнително ќе се доплаќа уште 10 фунти.


