сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 46
home Фудбал

ФОТО: Никола Секулов го облече дресот на Италија

ФОТО: Никола Секулов го облече дресот на Италија

Никола Секулов изминатиот викенд беше во базата на италијанската фудбалска репрезентација „Конверчано“, откако беше повикан за националниот тим до 17 години.

Талентот кој има македонско потекло игра во екипата на Јувентус и важи за еден од најголемите таленти. Тој изминатиот период ги одбиваше сите повици во македонскиот национален тим до 17 години, но веднаш прифати да игра за „аѕурите“. Изминатиов викенд тој беше дел од репрезентативен камп на кој беа повикани дури 55 талентирани момчиња од оваа генерација.

Секулов е во лоши односи со Фудбалската федерација на Македонија, но и натаму останува шанса тој да игра за Македонија, бидејќи нема официјален настап за Италија.

Извор: sport1.mk

 

Коронавирус