Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот наутро.
Повеќе спортисти изразија сочувство и оддадоа почит на својот пријател и колега, но еден од најемотивните постови пристигна неговиот најблизок пријател, фудбалерот Рубен Невеш кој во овој момент го носи ддресот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Невеш со емотивна објава се огласи на Инстаграм, објавувајќи повеќе заеднички фотографии, а денеска во Гондомар беше единствениот фудбалер кој со носеше ковчегот со посмртните останки на својот пријател.
„Каде и да си, знам дека ќе го прочиташ ова. Знаеш дека ми значеше онолку колку што и јас значев за тебе. Ние не бевме само пријатели, ние бевме семејство, и тоа нема да се смени само затоа што реши да потпишеш договор малку подалеку од нас. Кога ќе одам на репрезентативни собири, ти ќе бидеш покрај мене на масата, во автобусот, во авионот… Ќе се погрижам твоите најблиски никогаш да не им недостига ништо, затоа што знам дека ти, иако далеку, мислиш на нас и не чекаш. Животот нè спои, и сега ништо не може да нè раздели. Од сега па натаму, секогаш ќе излегуваш со мене на терен и ќе чекориме заедно, по патот каде што се сретнавме. Те сакам!“, напиша Невеш.
View this post on Instagram
Последниот поздрав семејството и пријателите на Жота го имаа денеска во Гондомар каде што беше погребот на фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат.