понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Нејмар во Реал Мадрид?!

ФОТО: Нејмар во Реал Мадрид?!

Реал Мадрид сепак не се откажува од купување на Нејмар ова лето, а францускиот весник „Лекип“ на својата насловна страница ја објави последната понуда на „кралевите“ за Бразилецот.

Шпанскиот гигант е подготвен да плати 100 милиони евра за Нејмар и плус во Париз да испрати дури тројца фудбалери, голманот Кејлор Навас, Хамес Родригез и Герет Бејл.

Засега ова е најголемата понуда што „светците“ летово ја добија за Нејмар, откако претходно ги одбија понудите на Барселона, која се обидува да го доведе својот поранешен игра на позајмица. Во комбинација за Нејмар е и Јувентус, но се чини дека оваа понуда на Реал Мадрид е досега најповолна.

ПСЖ би добил тројца играчи од светска класа како Родригез, Бејл и Навас и дополнителни 100 милиони евра кои може да ги инвестира на трансфер пазарот.