понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

ФОТО: Нејмар конечно ја призна врската со раскошната Хрватка

ФОТО: Нејмар конечно ја призна врската со раскошната Хрватка

Веќе неколку месеци се шпекулира дека американската манекенка со хрватски корени Наталија Барулиќ е во врска со славниот бразилски фудбалер Нејмар да Силва Сантос Јуниор. Нивните заеднички фотографии се појавија на Инстаграм во неколку наврати, но ниту Наталија ниту Нејмар не зборуваа јавно за својот однос. Сега манекенката и фудбалерот се појавија заедно на насловната страница на руското издание на магазинот „ЏејКју“.

– Заштитете ги вашите најмили. Нејмар и Наталија нè потсетуваат колку е важно да ги поддржуваме и заштитиме нашите најблиски. Не е важно дали сте затворени заедно во карантин или треба да комуницирате преку телефон и зум. Бидете безбедни, бидете силни – пишува на инстаграм-профилот на ова списание, на чија насловната страна се прегрнатите Наталија и Нејмар. Истата фотографија на својот Инстаграм ја сподели и Наталија и се спореди себеси и Нејмар со познатата љубовна двојка Бони и Клајд.

Обожавателите полудеа кога конечно видоа дека парот истапи во јавноста. Дека тие се во врска, најпрво навести Наталија кога објави фотографија од нив заедно на Инстаграм-стори во февруари и напиша: „Мојот партнер во злосторство“.

Наталија, исто така, беше на неколку натпревари на Нејмар пред почетокот на пандемијата, а за роденден му ја напиша следната порака: „Сите знаеме колку е исклучителен твојот талент, но само кога би можеле да се види колку е прекрасно твоето срце. Те почитувам“, напишала раскошната манекенка.

Коронавирус