понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Фудбал

ФОТО: На Олд Трафорд ќе се јадат мекици на големо

ФОТО: На Олд Трафорд ќе се јадат мекици на големо

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се подготвуваат за бејби-бум. Во тимот на Оле Гунар Солскјер се очекуваат 5 новороденчиња.

Првиот среќник ќе биде Пол Погба, кој се препороди под водство на новиот менаџер. Неговата девојка, Марија Салавес, го очекува нивното прво дете. Прекрасната Боливијка беше фотографирана со зголемен стомак од папараците за време на Божиќните и новогодишните празници.

Следниот кој очекува дете е шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф. Во октомври, неговата прекрасна партнерка, Маја Нилсон, ги откри убавите вести на Инстаграм.

Бремена е и Сем Кук. Прекрасниот модел е заедно со Крис Смолинг, и таа, како Маја Нилсон, сподели слика во Инстаграм, откривајќи ја убавата вест.

Петорката ја надополнува и бразилскиот плејмејкер Фред, како и Матео Дармијан. Моник Салум е девојка на „кариоката“, и двајцата веќе одлучиле дека нивниот син ќе се вика Бенџамин.

Франческа Комани, која е сопруга на Дармијан, исто така, не заостана зад другите, објавувајќи ја веста на Инстаграм.