четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Мурињо маскиран се појави на стадионот во Подгорица

ФОТО: Мурињо маскиран се појави на стадионот во Подгорица

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо, како што беше и најавено, се појави на стадионот во Подгорица каде во друштво со црногорската фудбалска легенда Предраг Мијатовиќ, го следи натпреварот од Лигата на нациите меѓу репрезентациите на Црна Гора и Србија.

Мурињо се обидел да остане незабележан, па на трибините се појави со капче на главата, но беше „уловен“ од новинарските екипи.

Новинарите кои успеале да се доближат до Португалецот се обиделе да дознаат кој играч е под неговото „будно око“.

-Дојдов да го гледам мојот пријател, Предраг Мијатовиќ, одговорил тренерот на „Црвените ѓаволи“ не откривајќи ништо повеќе.