вторник, 21. март 2023. Вести денес: 94
home Фудбал

ФОТО: Меси се врати на тренинзите

ФОТО: Меси се врати на тренинзите

Во утринскиот тренинг в среда присуствуваше аргентинскиот интернационалец на теренот 2 на „Сиутат Еспортива”. Полека, но сигурно се опоравува од повредата на раката поради која досега ги пропушти дуелите против Интер во ЛШ и Реал Мадрид во традиционалното „Ел Класико“.

Лионел Меси тренираше заедно со Жерар Пике и Жорди Алба, двајца од играчите кои што добија слободен од тренерот Ернесто Валверде.

Дефанзивното дуо не е во составот за Леон, каде што Барселона ќе игра против Културал леонеса во рамките од Копа дел Реј.

Луис Суарез, Кутињо и Ракитиќ исто така беа присутни и работеа во салата за вежбање, додека на Серхио Бускетс и Марк Андре Тер Штеген им беше дадена дозвола од Валверде да го пропуштат тренингот.

loading...