петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Фудбал

ФОТО: Мегваер се пресметал со членови на албанската мафија поради сестра му!?

ФОТО: Мегваер се пресметал со членови на албанската мафија поради сестра му!?

Капитенот на Манчестер Јунајтед допрва ќе ги почувствува последиците поради скандалот кој го предизвика во Грција додека беше на одмор на Миконос.

Според островскиот таблоид „Сан“, мешаницата настанала откако сестрата на Мегваер одбила друштво на човек кој неофицијално бил член на албанската мафија.

По ова следувала провокација а како што репортерот на „Сан“ пренесува членовите кои изгледале како „Гангстери“ ја нападнале сестрата на Мегваер. Дејзи била расечена со остар предмет на рамото.

На ова следувала брза реакција на фудбалерот на Јунајтед кој потоа помина две ноќи во притвор.

Мегваер плати парична казна, извесно е дека ќе биде суспендиран од репрезентацијата на Англија извесно време и можно е да добие посериозна казна од неговиот матичен клуб.

Коронавирус