вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

(ФОТО) Лука Модриќ со татко му ја посети родната куќа која беше запалена

(ФОТО) Лука Модриќ со татко му ја посети родната куќа која беше запалена

Лука Модриќ во моментов е на одмор во Хрватска. Синоќа со легендарниот Алесандро Дел Пјеро покажа каков е неговиот глас во еден ресторан во Задар, а денес заедно со неговиот татко Стипе ги посетија остатоците од куќата во која порасна, а која беше изгорена за време на војната.

Детството Лука Модриќ го помина во Модричи крај Затон Обровачки, а на 18 декември 1991 година четниците упаднаа во селото и го убија дедото на Лука и му ја запалија куќата.

По погребот, родителите Стипе и Радојко и малиот Лука некако успеале да избегаат во Задар. Како бегалци, фамилијата Модриќ се смести во Задар, во хотелот Иж.

Стипе Модриќ наскоро најде работа како механичар во хрватската армија, а бидејќи хотелот „Иж“ е близу до стадионот „НК Задар“, тој го запиша својот син на фудбал.

Тука започна фудбалското патување на русокосата шестгодишно дете, кое денес е една од најважните алки во Реал Мадрид, најдобриот играч на светот пред три години и капитен на Хрватска.

Коронавирус