вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 71
home Фудбал

ФОТО: Куман и официјално седна на клупата на Барселона

ФОТО: Куман и официјално седна на клупата на Барселона

Холандскиот стратег Роналд Куман е нов тренер на Барселона, официјално соопшти претпладнево каталонскиот гигант.

Барселона соопшти дека Куман потпишал договор до 30 јуни 2022 година.

Неговата официјална промоција и првата прес конференција во новата улога е закажана за во 18 часот.

57-годишниот Куман имаше важечки договор со холандската фудбалска федерација, меѓутоа имаше клаузула која му дозволуваше да го раскине договорот доколку добие понуда од Барселона, клубот за кој Холанѓанецот играше и ја почна својата тренерска кариера како помошник на Луис Ван Гал.

Куман никогаш не криеше дека тренерскиот повик од Барселона за него од „работа од соништата“, а медиумите со денови пишуваа дека тој смета оти е дојдено времето „сега или никогаш“ да ја прифати поканата на шпанскиот гигант.

Куман е легенда на Барселона, стрелец на познатиот гол против Сампдорија за првиот трофеј на каталонците во Лигата на шампиони во 1992 година. Шест години играше на Камп Ноу. Холандската репрезентација ја водеше од 2018 година.

Коронавирус