сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 71
home Фудбал

ФОТО: Италија се збогува од Астори – „Засекогаш наш капитен #13“

ФОТО: Италија се збогува од Астори – „Засекогаш наш капитен #13“

Илјадници луѓе се собраа на еден од централните плоштади во Фиренца пред базиликата „Санта Кроче“, за да му оддадат последна почит на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, кој во саботата почина на 31-годишна возраст во сон од срцев удар.

Дури и голем дел од фудбалерите на Јувентус, предводени од тренерот Масимилиано Алегри и капитенот Џанлуиџи Буфон дојдоа директно од Лондон да се простат од Астори.

Фудбалска Италија е присутна во една или друга форма во Фиренца. Легендата Франческо Тоти предводеше делегацијата на Рома, најдобриот дефанзивец во историјата на Италија – Франко Барези беше на чело на делегацијата на Милан, Хавиер Занети ги предводеше претставниците на Интер.

Меѓу присутните беа и Андреа Пирло, Филипо Инзаги, сопствениците на Фиорентина Андреа и Диего Деле Вале, водечката фигури на Италијанската фудбалска федерација – Малаго, како и новиот и стариот селектор – Луиџи ди Бјаџо и Џанпјеро Вентура, Алесандро Костакрта, тренерот Лучано Спалети,…

Претседателот на Каљари Џулијани водеше делегацијата на клубот од Сардинија, кој ја повлече од употреба 13-ката на Астори.

Последно збогум на Астори дојде да му каже и легендата на Реал Мадрид Емилио Бутрагењо, како и трикратниот освојувач на „Златната топка“ Марко Ван Бастен како претставник на ФИФА.

Милан Баден зеде зборот од името на Фиорентина, кој кусо рече:

– Давиде, ти беше светло.

Семејството ќе го погреба телото на Астори во близина на Бергамо, каде што живее.