среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 162
home Фудбал

ФОТО: И нашиот Пандев се огласи по смртта на Астори

ФОТО: И нашиот Пандев се огласи по смртта на Астори

Фудбалскиот свет денес е завиен во црно по ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина и член на репрезентацијата на Италија, Давиде Астори.

Поради трагедијата, денес сите натпревари во Серија А беа комплетно одложени, вклучувајќи ја и средбата помеѓу Џенова и Каљари која беше прва на програмата од 12:30 часот.

Голем дел од фудбалерите, клубовите и останатите спортски работници шокирани од смрта на Астори, се простуваат со последен поздрав и сочуство до семејството на фудбалерот, а меѓу нив е и нашиот Горан Пандев.

Капитенот на нашата репрезентација и член на Џенова преку „Инстаграм“ сподели фотографија од Давиде и напиша „РИП“ (Почивај во мир).

Коронавирус