Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал неодамна ја покажа својата нова девојка со која очигледно полесно го поднесе и преболе испаѓањето од Ливерпул во Лигата на шампионите.
Чилеанецот влезе во врска со фитнес моделот Соња Исаза која по пат на својот профил на „Инстаграм“ ја откри романсата.
Со коментар „дали знаеш дека те сакам“, Соња објави фотографија на која се гледа дека е прегрната со Видал покрај базен.
Инаку Видал веќе има две деца со поранешната сопруга Марија Тереза.