недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

ФОТО: Фудбалерите на Лестер со емотивна порака на дресовите за загинатиот сопственик

ФОТО: Фудбалерите на Лестер со емотивна порака на дресовите за загинатиот сопственик

Екипата на Лестер денес го одржа својот прв натпревар на домашен терен по хеликоптерската несреќата кај „Кинг Пауер“ во која загина сопственикот на клубот Вичај Шривадханапрахба и уште четири лица.

Стадионот беше преплавен со емоции од навивачите, но и од членовите на првиот тим на „Лисиците“, лидерите во соблекувалната и милениците на навивачите.

Фудбалерите на Лестер на теренот се појавија со дресови и маички на кои имаше емотивна порака за нивниот трагично загинат сопственик.