вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 51
home Фудбал

ФОТО: „Фалангата“ ги соблече Пандев, Нестор и Барди по победата!

ФОТО: „Фалангата“ ги соблече Пандев, Нестор и Барди по победата!

По победата над Лихтенштајн со 0-2 македонските репрезентативци не ги заборавија верните навивачи кои дојдоа на „Рајнпарк“ во Вадуц, пренесува Гол.мк.

Имено, Барди и Несторовски кои и ги постигнаа головите, дотрчаа пред трибината и им ги подарија дресовите и шорцовите на најуспорните. Ниту студеното време, ниту уморот од одиграните 90 минути не ги спречи нашите репрезентативци да им се заблагодарат на фановите.

Воедно, со оваа победа тие ги повикаа навивачите во нашата земја в понеделник да ги поддржат на „Филип втори“ на натпреварот против Гибралтар.