сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

ФОТО: Ѕвездата на Наполи со шега ги навреди жените, а најдобриот одговор го доби од својата сопруга

ФОТО: Ѕвездата на Наполи со шега ги навреди жените, а најдобриот одговор го доби од својата сопруга

Еден од најдобрите играчи на Наполи последниве години Дрис Мертенс во овој момент се подготвува за настап на Светското првенство со својата репрезентација Белгија.

Токму од еден од натпреварите на својата репрезентација тој објави фотографија од себе каде неговата фаца е малку чуда. А во коментарот на сликата се обиде да ги испровоцира жените, а според некои и успеа да ги навреди.

-Кога нема ставено шминка, напиша тој во описот на фотографијата.

А можеби и помалку неочекувано меѓутоа неговата жена, Кат Керкхофс, е таа која успеа да му го украде шоуто околу неговата шега.

-Кога тој ќе ги соблече гаќите, напиша таа во коментар на фотографијата.