вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 14
home Фудбал

ФОТО: Дресот од рекордната вечер Кристијано му го подари на Никола Секулов!

ФОТО: Дресот од рекордната вечер Кристијано му го подари на Никола Секулов!

Македонецот кој настапува за младинските категории на Јувентус и италијанската репрезентација, Никола Секулов вечерва беше покрај теренот за натпреварот со Лацио и ја искористи можноста за да се фотографира со Роналдо и доби подарок – дресот на Кристијано.

Овој дрес има посебна вредност, бидејќи е рекорден. Роналдо ја мина границата 50 гола во Серија А и стана единствен во историјата на фудбалот со најмалку 50 гола во Англија, Шпанија и Италија.

Секулов веќе тренираше заедно со сениорскиот тим на Јувентус, а стандардно игра за младинската екипа. Во период кога натпреварите се играат без присуство на гледачи, Секулов ја има таа привилегија да ги следи натпреварите на Јуве како дел од професионалците на клубот.

Подарокот од Роналдо за Секулов:

Коронавирус