среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Фудбал

ФОТО: Чех станува хокеар, потпиша договор со британски клуб

ФОТО: Чех станува хокеар, потпиша договор со британски клуб

Поранешниот голман на Челси и Арсенал, Петр Чех, потпиша договор со британскиот хокеарски клуб Гилдфорд Феникс. Условите на договорот со 37-годишниот фудбалер не се обелоденети.

-Драго ми е што имам можност да играм за Феникс за да стекнам искуство. Се надевам дека можам да му помогнам на овој млад тим да ги оствари своите цели за сезоната и да освои максимален можен број натпревари. После 20 години професионален фудбал, ова ќе биде неверојатно искуство за мене. Хокеј е игра што сакам да ја гледам и играм уште од детството, изјави Чех.

Тој ја заврши кариерата по сезоната 2018/19.

Чех може да дебитира за Гилдфорд на 12 октомври во натпревар против Нотингем.