недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Беше у*псен со Тијана Ајфон, а сега суди на Европското првенство

ФОТО: Беше у*псен со Тијана Ајфон, а сега суди на Европското првенство

Словенечкиот арбитар, Славко Винчиќ се најде меѓу 35 лица на забавата кога е уапсена Тијана Ајфон, а во викендицата пронајдени се оружје и дрога.

Тој за локалните медиуми открива како се нашол во тоа друштво.

-По состанок со партнери повикани бевме на еден ранч да прославиме и ја прифативме поканата. Имаше 40-тина лица, скоро никого од нив не познавав. По полициската акција однесени бевме на информативен разговор каде објаснив дека воопшто не ги знам тие лица, по што ме пуштија и можев да се вратам во Словенија, вели Винчиќ за 24ur.com.

Тој во последните неколку години професионално напредувал и ја добил довербата од судиската комисија на УЕФА, а учеството на ЕП му е како награда.

Досега на ЕУРО 2020 ја делеше правдата на натпреварите меѓу Шпанија и Шведска и Швајцарија и Турција.

Во кариерата судел 16 натпревари од Лигата на шмапиони и 28 натпревари од Лига Европа каде го судеше и последното финале меѓу Арсенал и Виљареал.

Коронавирус