вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 50
home Фудбал

ФОТО: Беше омилен во Југославија, а денеска замина во легендите- почина познатиот фудбалер

ФОТО: Беше омилен во Југославија, а денеска замина во легендите- почина познатиот фудбалер

Поранешниот член на Динамо З., Златко Месиќ, член на славната генерација на „модрите“ од 1967 година, почина на 74 годипна возраст во Загреб. Важеше за „добриот дух“ во клупската соблекувална и играше како коректор во средниот ред на најтрофејниот хрватски фудбалски клуб.

Се впиша во историјата на тимот од „Максимир“ како стрелец на неколку важно голови, меѓу кои и против Јувентус во четврт-финалето на Купот на саемски градови во 1967 година.

Месиќ е роден во Загреб на 13 април во 1946 година. Фудбалските почетоци ги направи во Динамо во 1960 година и во клубот се задржа до 1968 година. По кратката епизода во Кроација од Торонто, се врати меѓу „модрите“, а подоцна играше и за Загреб, Јадран од Пореч и Ровињ.

Покрај Купот на саемски градови во 1967 година, Месиќ со Динамо Загреб триумфира и во Купот на поранешна Југославија во 1965 година.