среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Автобусот на Јединство се судри со автомобил, македонскиот голман Петровски јуначки спаси живот на еден од патниците!

ФОТО: Автобусот на Јединство се судри со автомобил, македонскиот голман Петровски јуначки спаси живот на еден од патниците!

Македонскиот голман Илче Петровски од пред неколку дена е член на босанскиот второлигаш Јединство од Бихаќ. Уште на стартот се наметна и на шест пријателски натпревари не прими гол, потврдувајќи го правилниот избор на клупската управа.

На првиот позначаен натпревар, турнирот во Градишка, Петровски и соиграчите наидоа на непредвиден проблем. Имено клупскиот автобус се судри со патнички автомобил во сообраќајна несреќа на патот, пишува Гол.мк.

За среќа, никој од фудбалерите на Јединство не е повреден, а некои веднаш се втрчале да им помогнат на патниците во автомобилот, чија здравствена состојба била посериозна. Жена на задното седиште се соочила со проблеми, но тогаш интервенирале Петровски неговиот колега на голманската позиција и и го спасиле животот, вадејќи и го јазикот.

Петровски е јунак ии на теренот и надвор од него, а и покрај судирот, фудбалерите на Јединство го освоија турнирот „Козара 2018“, а македонскиот голман пак не прими гол.