сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 14
home Фудбал

ФОТО: 50.000 фанови го поздравија новиот „Крал“ во Шпанија

ФОТО: 50.000 фанови го поздравија новиот „Крал“ во Шпанија

Белгискиот фудбалер Еден Азар официјално е промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид, а повеќе од скромна бројка на навивачи го дочекаа во фудбалскиот храм на „кралевите“, „Сантијаго Бернабеу“.

Мадрид дојде да го поздрави новиот суперхерој на тимот, а 50.000 навивачи беа присутни на трибините, што е трета најголема посета во историјата на една презентација, по Кристијано Роналдо со 80.000 и Кака со 65.000 навивачи.

Азар собра најмногу навивачи од новите засилувања. Споредено со бројките, Лука Јовиќ на презентацијата имаше само 8.000 навивачи. Белгиецот се пресели во Мадрид за нешто околу 100 милиони евра, а Челзи ќе добие додатни средства, поради бонуси во договорот.

Извор: gol.mk