Флоријан Вирц официјално е новата ѕвезда на Ливерпул! Според информациите на угледни извори како новинарот на „Билд“ Аксел Хесе и белгискиот инсајдер Саша Таволиери, трансферот е веќе завршен.
„Црвените“ постигнаа договор со Баер Леверкузен вреден 150 милиони евра за 22-годишниот германски репрезентативец, што го прави најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал и апсолутен рекорд за Ливерпул.
Со вакво засилување, Ливерпул испраќа јасна порака – тимот има големи амбиции и целосно е подготвен да се врати на врвот на европскиот фудбал.